Џанк фуд, храна која со причина се нарекува така

Калориски бомби без хранливи материи

Си грицкате бисквити и чипс, но по кратко време повторно огладнувате. Џанк фудот е многу вкусна храна чии додатоци нè тераат да јадеме уште, но тоа е така и поради некои механизми во нашето тело кои не се создадени за ваков вид на храна.

Истражувањата покажале дека механизмот кој нè спречува да изедеме повеќе од тоа што ни е потребно нема толку поврзаност со внесувањето на калории колку со внесувањето на одредени макронутриенти (протеини, јаглехидрати и масти).

Пакетче бисквити обезбедуваат многу калории, но во него нема хранливи состојки кои на телото му обезбедуваат квалитетен и долготраен извор на енергија. Тоа минува низ нашиот дигестивен систем, а чувството на ситост исчезнува брзо откако сме ја изеле храната.

Само за споредба, 100 калории може да внесеме јадејќи спанаќ или две бисквити. Освен што спанаќот ќе го пополни желудникот, ќе го снабди организмот со диетални влакна и други хранливи материи како бета каротен и железо. Од друга страна, бисквитите нема да ни дадат ништо освен јаглехидрати кои брзо ќе ослободат голема количина енергија која нема долго да трае.

На храната која не може да нè засити често ѝ недостигаат влакна, премногу лесно е сварлива и во текот на варењето не му обезбедува на телото постојан прилив на потребни калории, односно енергија.

 

За успорување на варењето и ослободување енергија на подолго време клучни се протеините и диеталните влакна, а на чувството на ситост исто така влијаат минералите и витамините. Ако нашето тело не добива доволно хранливи материи ќе испраќа сигнали за глад.

Џанк фудот се состои од високо обработени состојки на кои им недостигаат состојки задолжени за чувството на ситост, како и витамини и минерали кои природно се наоѓаат во храната.

Друг податок за џанк фуд храната е што може да содржи дури 8 пати повеќе шеќери од обичните намирници, а тоа може да предизвика пораст на триглицеридите во крвотокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.