Жените денес посебно вложуваат во негата на лицето и телото, со цел да го задржат младешкиот изглед што подолго. Сепак, во секојдневниот живот правиме некои работи за некои не сме ни свесни, а кои ни додаваат години. Еве и кои:
Ја боите вашата коса руса
Светлата коса не одговара на секој тен и може да направи да изгледате постаро од колку што сте. Кај некои луѓе со годините кожата станува побледа или жолтеста , затоа русите нијанси на боја за коса воопшто не ви прилегаат. Ова го потврдуваат бројни фризерски експерти. Наместо вашата кожа и коса да бидат во иста боја, направете ги спротивни. Ако вашата кожа е бледа тогаш фарбајте ја косата во некоја светло кафена нијанса.
Кревате премногу во теретана
Не, не треба да престаните да вежбате. Но, ако премногу ги малтретирате мускулите, како на пример трицепсите и бицепсите, може да ги истегнете или да се опуштат, велат фитнес инструкторите. Затоа немојте премногу да ги форсирате. Спојувачкото ткиво се опушта со текот на годините, а оптеретените мускули стареат и произведуваат непосакувана форма на мускулот. За секоја група на мускули користете тегови под килограм и 300 грама, но само повторувајте ја повеќе пати постапката.
Носите досадни бои или широка гардероба
Облеката во сиви тонови ќе направи да изгледате побледо и постаро, поточно ако е близу до лицето. Избегнувајте и бледа виолетова и бледо розова боја. Ако сте малку полнички, носењето широка облека за да ги скриете килограмите носи спротивен ефект а ќе изгледате и потешки и постари. Наместо тоа посетете стручно лице кои ќе ви каже која облека ви прилега.