МРП вакцините со погрешни декларации нема да бидат уништени уште најмалку десет дена
Агенцијата за лекови донесе решение 624-те вакцини со погрешни декларации да бидат уништени.
– Повлечените количини од лекот PIORIX(ПРИОРИКС) се со погрешна налепница и не може да се дозволи да се употребуваат, соопштија од МАЛМЕД.
Уништувањето на вакцините во Дрисла нема да се случи уште десетина дена бидејќи печката за медицински отпад е во дефект и работат на промена на соодветниот дел, потврдуваат од депонијата Дрисла.