Лекари со 15 пива го спасиле од труење со алкохол!?

Виетнамски лекари спасиле живот на човек кој умирал од труење со алкохол, така што му дале 15 лименки пиво.

Нгујен Ван Нат бил префрлен во болницата во провинцијата Кванг Три на 25 декември минатата година откако се онесвестил со 1.000 пати поголема количина метанол во својот организам од безбедната.

Лекарите со трансфузија му додавале по лименка пиво на секој час во телото за да го огрaничат метанолот кој го преработувал неговиот црн дроб. Благодарение на тоа, лекарите му го спасиле животот.

Метанолот, познат и како метил-алкохол е опасен вид на алкохол. Многу е отровен и количество од 30 милилитри може да предизвика трајно слепило или да го усмрти човкот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.