Зошто ви е постојано ладно?

Ова се причините за тоа!

Многу е лошо чувството кога постојано ти е ладно, но уште полошо е кога не знаеш зошто е тоа така. Пронајдовме неколку причини кои можеби би ти помогнале да ја решиш оваа мистерија:

Недостаток на железо – овој недостаток не само што предизвикува чувство дека ти е постојано ладно, туку и веројатно постојано си поспан. Едно од решенијата е да јадеш повеќе зелен зеленчук, леблебија… Исто така постои и директно внесување на железо во крвта, но за тоа би требало да се посоветуваш со лекар.

Твојот организам е уморен – како и на твојот ум, така и на телето му е потребен одмор и релаксација. Некогаш, кога нема да се наспиеш доволно, твоето тело сака да ти покаже дека е изморено. Поради тоа некогаш те изигрува, па наместо да желба за сон, чувствуваш студ… затоа земи си топло ќебенце и право во кревет.

Циркулацијата не ти е добра – твојата крв која циркулира е она што ја оддржува топлината во твоето тело. Па затоа доколку приметиш дека прстите на рацете или нозете ти се помодрени, значи дека циркулацијата не ти е баш најдобра. Постојат повеќе проблеми кои може да ги предизвика циркулацијата, па те советуваме да го посетиш својот лекар.

Болен си – времето е такво, што вирусите се секаде околу нас. Можеби имаш стомачен вирус или грип, а тоа уште не го знаеш, па твоето тело пробува да те извести за тоа. Пробај да внесуваш повеќе витамин Ц во организмот, за да ти се врати имунитетот.

Не поднесуваш студ – некои организми не се создадени да поднесуваат студ. На пример, некои луѓе се раѓаат во топли земји, па кога ќе се преселат некаде каде што е ладно, долго време не може да се навикнат.

Немаш доволно масти во организмот – иако можеби сметаш дека мастите во организмот не се добри, всушност тие ја оддржуваат топлината во нашите организми. Па затоа, доколку имаш помалку килограми од тоа што би требало, најверојатно е дека почесто ќе ти биде ладно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.