Филипче ќе бара казна од 70.000 евра за “Македонија лек” и дисквалификација на тендерот за набавка на вакцини

Казна од 70.000 евра и можност за дисквалификација на тендерот за набавка на вакцини ќе бара министерот за здравство од Македонија лек за декларациите со изминат рок на МРП вакцините. Филипче најави и одговорност и санкции и за директорите на здравствените домови и за вработените во вакциналните пунктови бидејќи не ја увиделе грешката пред 3 месеци кога ги примиле кутиите. Како дошло до пропустот истражува и увозникот.
Пропустот е направен во самата веледрогерија при лепење на декларациите. Но она што го извлековме како поука од овој случај е дека увидовме дека немаме правилници за добра дистрибутивна пракса и веќе ги подготвуваме, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.
Инспекторите од МАЛМЕД ги повлекле сите 650 кутии со МРП на кои биле залепени декларации со изминат рок. Но, Филипче е категоричен дека претставници на прозиводителот на одржаната средба тврделе дека станува збор за нивните вакцини и истите биле безбедни и квалитетни.

Во меѓувреме има уште 6 новозаболени од морбили. Со мали сипаници на Инфективна вчера за прв пат е хоспитализирано и дете од Карпош. Во моментот на Клиниката на болничко лекување има 29 лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.