Нема да има продолжување на зимскиот распуст – Надлежните ќе спроведуваат теренска вакцинација во училиштата

Нема да се продолжи зимскиот распуст поради епидемијата на морбили. Ќе има теренска вакцинација во училиштата. Вакви препораки до министерот за здравство предложила Комисијата за заразни болести. Од таму сметаат дека нема потреба да се пролонгира стартот на второто полугодие затоа што засега од мали сипаници нема заболено ниту едно дете на училишна возраст. За невакцинираните деца ќе има имунизација на лице место, но откако претходно здравствени тимови ќе разговараат со одговорните во училиштата и ќе добијат дозвола од родителите.

Според податоците од ИЈЗ околу 3.700 деца кои одат на училиште немаат примено МРП вакцина. Од нив дури 20 проценти се првооделенчиња. А  во деветто одееление не се имунизирани помалку од 1 отсто.

-Ако вирусот на морбили влезе во училиштата, ќе биде тешко зашто ќе се заразат речиси сите невакцинирани, вели прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ и член на Комисијата за заразни болести.

Според епидемиологот Караџовски ако се изземат Скопје и Тетово каде процентот на имунизација е драстично опаднат, во останатите градови е над 95 отсто.

Инаку расте бројот на новохоспитализирани со морбили на Инфективна. Денеска се примени уште две деца и една 43 годишна жена. За 2 недели од мали сипаници заболеле 46 лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.