Малолетник од Скопје останал без прсти од петарди

Новогодишна забава со петарди завршила со тешки последици врз дланката на 13 годишник од Скопје. Ова е само еден од многуте случаи третирани на Клиниката за пластична хирургија како последица на употреба на пиротехнички средства. Најчесто пациенти се малолетни лица. Некои од нив поради невнимание остануваат инвалиди, а други пак имаат белег за цел живот.

-Претежно повреди од петарди имаме кај малолетни лица. Употребата на пиротехничките средства може да доведе до траен инвалидитет. Апелираме децата колку може да се воздржат и да не користат, изјави доц. д-р Боро Џонов, Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.

Доктор Џонов предупредува дека лекувањето на повредените од пиротехнички средства трае долго. Потребни се неколу интервенции и физикална терапија за да се врати барем малку функцијата на шаката.

-Нашите интервенции се состојат да се зачува шаката. Следуваат интервенции и долготрајно е лекувањето, додаде д-р Џонов.

Најголем дел од пациентите со повреди од петарди уште по влегувањето во Ургентен се покајувале за ризичната забава. Но, на Пластична регистрирале и исти лица кои повеќе пати настрадале од пиротехника.

Годинава Клиниката заедно со министертсвото за здравство цел месец имаат кампања по училиштата за да се намали употребата на пиротењхнички средства за време на новогодишните празници.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.