4 начини на кои можете да закачите сексуално-преносливи болести дури и без секс
На што се треба да внимавате?
На училиште и во текот на адолесцентскиот период вообичаено може многу да се научи за опасностите од венеричните болести. Иако можеби не сте запаметиле многу, многу е важно да знаете како да се заштитите. Може да заболите од овие болести дури иако никогаш не сте имале секс или моментално не сте сексуално активни. Иако сексот е најлесниот начин да дојдете во контакт со сексуално-преносливи болести, тој не е единствен. Еве како поинаку можете да се здобиете со ваквите болести.
1. Секс на суво
Иако не се вклучени пенетрација и телесни течности, херпесот може да се пренесе преку триење на телото. Тој може да се пренесе само ако има директен контакт помеѓу кожата – што значи безбедни сте ако сте облечени. Ризикот од пренесување зависи од тоа колку личноста е заразена и количината и сериозноста на осипот на кожата.
Исто така, внимавајте ако се бричите „таму долу“. Бричот може да собере разни инфекции од еден дел од кожата и да ги пренесе на друг. Бричењето колку што е опасно за вас, толку е опасно и за вашиот партнер. Подраснувањето на влакненцата може да делува абразивно на кожата на партнерот. Затоа сетете се на ова при вашето следно бричење.
2. Бакнување
Можеби бакнувањето не ви е прва асоцијација кога станува збор за сексуално-преносливи болести, но тоа е возможно. Кога некој има херпес тип 1 (орален херпес), тие доживотно го носат со себе. Дури и ако нема визуелни знаци на болеста, опасноста од инфекција сепак постои, но ако нема видлив индикатор шансите за пренесување на болеста се помали.
Најголемата опасност од инфекција се создава кога има пукнатини во кожата што доаѓаат во контакт со раните. Ако имате испукани усни или друг тип пукнатини во кожата и дојдете во контакт со заразена површина, поголема е веројатноста да заболите од оваа болест. Затоа размислете подобро ако сте под искушение да бакнете некој кој покажува вакви знаци.
Иако инфекцијата е возможна без видливи симптоми, најдобар начин да се заштитите од инфекција од некој што има херпес тип 1 е да можете да го препознаете. Херпесот ќе го препознаете по тоа што заболениот има рана на усната направена од мали плускавици, а дури и ако раната е црвена, закоравена или веќе се лупи, тоа е знак дека личноста е заболена од оваа болест.
3. Орален секс
Иако некои луѓе оралниот секс не го сметаат за „вистински секс“ затоа што не вклучува вагинална пенетрација, сепак преку него може да се добијат сексуално-преносливи болести. Преку оралниот секс можат да се пренесат: херпес, кламидија, гонореја и др. Тие се пренесуваат преку контакт со заразени површини и секреции на телото.
Кондомите го намалуваат ширењето на болестите, но тие не можат целосно да ја спречат инфекцијата. Затоа сепак, употребата на кондоми е препорачлива за време на сексот. Уште еден начин да се заштитите од разните венерични болести е да го избегнувате сексот додека имате проблеми со кожата или друг дел од телото кој може да дојде во контакт со друго лице.
4. Индиректен контакт
Инфекциите вообичаено се пренесуваат преку интимен контакт, но може и на индиректни начини. На пример седење на ве-це шолја. За да се пренесе венерична болест шолјата треба да биде во допир со осип на кожата. Затоа, наместо да седнувате во јавните тоалети – чучнувајте.
Уште еден начин да се заразите со сексуално-пренослива болест е преку влажен предмет како крпа, кој бил во допир со заразено лице. Болеста трихиноза (трихина) е паразит кој може да живее надвор од телото дури до 45 минути. За да го спречите ширењето на болести одбегнувајте да споделувате крпи кои ги користите за интимна нега. Некои луѓе сметаат дека можете да се заразите со трихина преку топла бања, но ова е мит – премногу е топло за паразитот да може да живее таму.
Исто така, одбегнувајте споделување на игли, жилети и слични уреди кои ја сечат кожата, со некој што е заболен од сексуално-пренослива болест затоа што тие создаваат пукнатини на кожата низ кои бактериите и вирусите можат лесно да навлезат.
Како да останете безбедни?
Најлесен начин да се заштитите е да знаете дали вашиот партнер се тестирал, ако имал други партнери од последниот пат кога се тестирал и какви му/ѝ биле врските во минатото.
Исто така, ако го намалите бројот на сексуални партнери ги намалувате шансите да се заразите со сексуално-пренослива болест.
За да го намалите бројот на евентуални напукнувања на кожата, користете лубрикант. Тој ќе го намали триењето, што исто така може да го намали и директниот контакт помеѓу кожата.
Секогаш имајте заштита со вас – за да не зажалите подоцна.