Што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете чипс?

Промени што многу ќе ви годат

Многу добро ви е познато дека чипсот, смоките, крекерите, чоколадите и другите слични грицки се главен непријател на вашето тело. Според едно истражување, повеќе од 79% од испитаниците барем два пати неделно се почестувале со преработена храна како овие солени и благи грицки. Доколку и вие припаѓате на оваа група луѓе и сакате да грицкате два пати неделно или повеќе, дознајте што ќе се случи со вашето тело кога целосно ќе ги исфрлите од исхраната барем на два месеца.

ПРВИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА

Поретки главоболки
Преработената храна содржи голем број состојки кои воопшто не се добри за вашето здравје. Една од нив е натриев глутамат која на декларациите е наведена како Е 621. Овој засилувач на вкус ѝ дава на храната силна и неодолива арома, додека, пак, на телото му носи многу негативни последици меѓу кои и главоболка. Главоболката може да настапи само 20 минути по јадењето и доколку престанете да ги јадете овие производи, ќе почувствувате подобрување по само неколку дена. Преработената храна предизвикува надуеност и гасови кои сигурно ќе ги забележите еден час по грицкањето чипс, смоки и слично.

Подобар сон

Грицките кои ги консумирате пред спиење можат сериозно да му наштетат на вашето здравје. Тие ќе ја нарушат рамнотежата на шеќерот во крвта и значително ќе го снижат нивото на шеќер поради што телото ќе се вознемири. Исто така непријател на квалитетниот сон е и солта која собира вода и ја зголемува жедта. Ако целосно престанете да јадете ваква храна, по само една недела ќе имате многу подобар сон.

Помал стомак

Докажано е дека преработената храна и грицките предизвикуваат надуеност и гасови кои се јавуваат по еден час од грицкањето. Една од причините за ова е тоа што солта собира вода и предизвикува надуеност, а другата е тоа што вештачките состојки многу тешко се разградуваат во телото поради што ја забавуваат нивната обработка и создаваат чувство на нагло дебелеење. Овие несакани појави ќе ги снема во рок од неколку дена доколку престанете со грицкање.

ВО ТЕКОТ НА 1 МЕСЕЦ

Посјајна кожа

Сите сме многу добро свесни колку шеќерот е штетен за нашата кожа. Шеќерот и преработените јаглехидрати кои се содржат во чоколадите и чипсовите го покачуваат нивото на инсулин кој, пак, го поттикнува лачењето на масти во кожата. Како последица на тоа се јавуваат акни и митесери. Ако решите да ги отфрлите овие нездрави производи од вашето секојдневие кожата ќе ви стане посјајна, почиста и понежна.

Поголема енергија
Нездравата, масна и тешко обработлива храна им годи на вашите непца и сетила, но само за кратко. Само неколку минути по консумацијата, нивото на шеќерот ќе се зголеми, за веднаш потоа нагло да падне. Овие ненадејни промени се главниот причинител на умор, сонливост и недостаток од енергија. Ако се решите од оваа лоша навика, за еден месец ќе видите како вашето тело полека се буди. Полесно ќе станувате наутро, а во текот на денот ќе имате повеќе енергија.

Мускулите и зглобовите ќе престанат да ве болат

Колку пати ви се случило да се разбудите и одвај да станете од кревет затоа што ве боли целото тело? Голема е веројатноста овие болки да се последица на нездравата храна. Хемикалиите што ги содржи преработената храна не се пријател на вашиот организам и можат да доведат во воспалувања. Тоа најмногу се манифестира на најчувствителните делови како зглобовите (колена, рамена), а на долгорочен план може да предизвика и артритис. За еден месец откако ќе ставите крај на нездравата исхрана ќе забележите дека општата состојба на организмот значително ви се подобрила, а болките во мускулите и зглобовите целосно исчезнала.

Водете сметка за вашето здравје и заменета ја нездравата храна со овошје и зеленчук. Поминете до најблиската продавница и снабдете се со вкусни и хранливи производи. Бидете креативни и секој пат смислувајте нова салата. Така ќе ви стане интересно и никогаш нема да ви досади да се храните здраво. Вие ќе уживате во прекрасниот и освежувачки вкус, а вашето тело ќе ви биде благодарно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.