Зелената диета ги топи килограмите на оние на кои им е најтешко да ослабнат. Главни намирници потребни за оваа диета се овошје, зеленчук и интегрални житарки.
Витамини, минерали и други хранливи материи со кои е богата храната која мора да се консумираа во оваа диета, го ослободува организмот од токсини и обезбедува здраво губење на тежината. Секој ден се јаде повеќе или помалку по истиот распоред, но многу е важно да се комбинираат различни видови намирници. Кога ќе станете, прво пијте чаша овошен сок.
Пример за мени
Појадок: Свежо овошје
Ужина: Свеж зеленчук (салата), тост од интегрално брашно или супа (пилешка, телешка) или чаша млеко.
Ручек: Свеж зеленчук и компир или наместо компири можете да јадете ориз или парче сирење
Вечера: мешана салата.
Напомена: Компирот секогаш се јаде со салата. Не комбинирајте овошје со ништо друго и него не го јадете веднаш по друга храна, а најдобро е на празен желудник. По зелениот зеленчук, почекајте најмалку 30 минути, а по компир и ориз, почекајте најмалку 3 часа, па потоа јадете овошје. Млекото, исто така, не треба да се комбинира со друга храна.