Владата го укина плаќањето по учинок на лекарите
На предлог на Министерството за здравство, на вчерашната седница на Владата донесена е одлука до Собранието на РМ да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во кој, меѓу другото, се укинува принципот по плаќање по учинок на здравствените работници и основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како создавање на услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи.