И мажите имаат своја менопауза!

 

Mенопаузата не е резервирана само за жените бидејќи, според дијагнозата на лекарите, и мажите можат да влезат во вид на менопауза која е слична на онаа на жената.

Според термините, не постои машка менопауза, но значајна промена се јавува околу 50-тата година од животот и е слична на онаа низ која поминуваат жените.

Машката менопауза може да доведе до проблеми во спалната соба и до влошување на изгледот. Мажите ја губат косата, имаат тешкотии при мокрењето и се зголемува ризикот од рак на простата. Намален е квалитетот на кожата и мажите изгледаат уморни. Тие ја губат физичката сила, но и сексуалната моќ.

 

Кога мажите влегуваат во 50-тите години, нивната простата се зголемува, што може да доведе до некои непријатни симптоми на менопауза.

Постојат третмани за намалување на симптомите на менопаузата. Повеќето третмани вклучуваат намалување на големината на простатата со помош на лекови. Физичката активност треба да се зголеми за да се зголеми издржливоста и подвижноста.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.