СЗО: Во првите шест месеци годинава во Европа од морбили заболеле 41.000 луѓе, што е двојно повеќе од цела 2017
Во првите шест месеци од годинава бројот на случаи на мали сипаници во Европа е многу зголемен, а најмалку 37 луѓе заболени од морбили починале.
СЗО најавува дека во првата половина од годинава во Европа биле пријавени над 41 илјади случаи на мали сипаници, што е повеќе отколку во текот на целата година во изминатата деценија. Според податоците на СЗО, рекорден број заболени од морбили во Европа имало во 2017 година кога во текот на целата година имало скоро 24 илјади случаи, додека во 2016 година имало помалку од 5300.
Над половина од сите заболени во првата половина од годинава биле регистрирани во Украина, односно 23 илјади заболени. Во Франција, Грузија, Грција, Италија, Русија и во Србија имало по над 1000 заболени од морбили. СЗО ги повикува државите да го подобрат надзорот и да ја зголемат стапката на имунизација заради спречување епидемии.