И официјално поништен скандалозниот тендер во здравството вреден 35 милиони евра
Mинистерството за здравство го поништи тендерот за набавка на реагенси. Одлуката доаѓа по известувањето од Комисијата за жалби по јавни набавки, која ги уважила сите три жалби од компании кои се однесувале на тендерската постапка.Од МЗ велат дека уште за време на евалуацијата увиделе дека има несоодветна документација од понудувачот, но не можеле да го поништат бидејќи била почната постапката за жалби.
Нов тендер ќе биде распишан, но пред да се случи тоа ќе ги преиспитаат тендерските правила за да не се повтори истата ситуација.
Филипче ја стопираше тендерската постапка веднаш по завршувањето на рокот за евалуација. Тендерот предизвика бројни реакции и сомневања во јавноста откако се обелодени дека само една фирма се јавила како понудувач, а како подизведувач се јавила фирма која била регистрирана четири месеци пред распишување на тендерот.Тендерот беше вреден 35 милиони евра.