Заразени со ебола во Конго бегаат од карантин
Починаа двајца од тројцата пациенти заразени со ебола, кои побегнаа од карантин во градот Мбандака во Демократска Република Конго, соопшти директорот на Мисијата на организацијата Лекари без граници, Хенри Греј.
Третиот пациент е пронајден жив и во моментов е под надзор на Лекари без граници и Светската здравствена организација, прецизираше Греј.
Министерството за здравство на ДР Конго соопшти дека засега се потврдени 28 случаи на ебола, 21 случај се веројатни, а кај двајца пациенти постои сомнеж за инфицираност со тој вирус.