Дрисла повеќе нема да загадува, по 18 години печката за медицински отпад доби филтер!

Во депонијата Дрисла беше пуштен во употреба новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (исенератор), а скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека депонијата повеќе нема да го загадува воздухот.

„Од идната сезона, Дрисла нема да биде фактор за загадувањето на воздухот, особено во населбите околу мерната станица во Лисиче. Од денеска  во функција е новиот филтер во депонијата Дрисла. Станува збор за филтер кој е поставен на  инсенераторот  за согорување медицински отпад и тој ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксидот и другите честички што се ослободуваат при согорувањето. Поставувањето е во согласност со препораките  на Државниот инспекторат за животна средина“, рече градоначалникот.

Шилегов нагласи дека филтерот ќе се користи се до поставување нова печка, додавајќи дека филтерот покажал одлични резултати на тестирањата кои биле извршени пред пуштањето во употреба.

Со тестирањето било утврдено дека просечното количеството на издувните гасови јаглерод моноксидот, азотните оксиди, сулфурните оксиди и ПМ10 честичките не ги надминуваат граничните вредности согласно со Правилникот за гранични вредности на емисии при горење и согорување на отпад и условите и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.