Нова жртва на морбили во Србија – Почина единаесетмесечно бебе!
Единасетмесечно девојче почина во Клиничкиот центар во Ниш поради компликации предизвикани од мали сипаници, потврди началникот за интензивна нега на Детската интерна клиника Дејан Милојевиќ.
– Бебето имаше проблем со белите дробови и со дишењето и беше ставена на респиратор, но срцето лошо одреагира. Имаше застој на работата на срцето, рече Милојевиќ.
Девојчето е петта жртва на сипаници во Ниш и петнаесета во Србија. Според податоците на Институтот за јавно здравје “Милан Јовановиќ Батут” од морбили во Србија досега се заболени 4.740 лица.
Најмногу заболени се децата на возраст од 5 години. Најмладото заболено лице имало 15 дена, додека највозрасната особа имала 70 години. Најголемиот број на заболени лица или 95% биле невакцинирани, недоволно или биле со непознат статус.
МИА