Филипче – Пенков: Размена на искуства, едукации и странски експертизи во областа на гинекологијата
Продлабочување и унапредување на соработката со бугарското Министерство за здравство во делот на разменување искуства, знаења, едукации и странски експертизи, била целта на денешната работна средба меѓу министерот за здравство Венко Филипче и бугарскиот заменик-министер за здравство Бојко Пенков.
Министерството за здравство на својата веб страница објави дека Филипче на средбата истакнал дека многу ја цени поддршката за унапредување на условите и работата во областа на гинекологија и акушерство, неонатологија и педијатрија.
По средбата Филипче и Пенков ги посетиле универзитетските клиники за гинекологија и акушерство и за детски болести, каде било договорено експерти од Софија да дојдат во посета и да работат со македонските лекари на Клиниката за гинекологија и акушерство, со цел итно намалување на смртноста на новороденчињата.