Црната статистика продолжува – За три месеци на скопска гинекологија починале 35 бебиња

За три месеци на скопска гинекологија починале 35 новороденчиња. Црната статистика продолжува и годинава. Од Клиниката велат во најголемиот број случаи станува збор за предвремено родени бебиња со неразвиени витални органи и инфекции добиени од мајката, а само 2 деца биле породени во термин, но имале сериозни аномалии.

-Се работи за екстремно незрели бебиња. 10 од овие 35 се породени во 5-от месец. И во светски рамки преживувањето кај овие деца е минимално, изјави д-р Викторија Јовановска, директор на Клиниката за гинекологија.

Ако зголемената смртност на новороденчиња продолжи со истото темпо и во 2018-та бројката на починати бебиња на Гинекологија повторно ќе се доближи до 200. И годинава е слична бројката како минатата година на предвремено родени бебибиња кои завршуваат на одделот за Интензивна нега.

-За оваа година имаме 13,8 проценти предвремено родени тоа се 144 бебиња, а лани имавме 12,5 проценти или 145 бебиња, додаде Јовановска.

За 35-те починати бебиња годинава на гинекологија попладнето со соопштение излегоа и од министерството за здравство. Од таму велат дека алармот е вклучен и преземаат мерки за справување со состојбата.

– за жал состојбите, кои ги затекнавме во најголем дел од родилиштата, не можат да се поправат само за неколку месеци. Ќе треба долго време да се надомести недостигот на стручен кадар, бидејќи повеќе од 10 години не се планирало и не создавал кадар, во согласност со потребите на здравствените установи, велат од МЗ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.