Што содржи јајцето и колку е здраво?
Во жолчката се содржат и витамините А, Д и Е. За разлика од белката, во жолчката од јајцето има холестерол.
Белката на јајцето е составена од околу 85-90% вода, 10-12% белковини и под 1% јаглехидрати, масти и минерали. Мастите застапени во белката се полинезаситени и поради тоа не се штетни.
Белката од јајцето е еден од најдобрите извори на протеини. Од едно јајце, од кое добиваме 6 грама протеини, половина од нив ги добиваме од белката. исто така, може да го намалите и ризикот од срцеви заболувања. Во една белка од јајце,исто така содржи и 1,3 мг на фолати, 6,6 мг селен, 2,3 мг калциум, 3,6 мг магнезиум и 4,9 мг фосфор.
Околу 2% од жолчката е холестерол, но тој не е толку опасен како што се сметаше некогаш. Жолчката на јајцето содржи лутеин и зеаксантин. Овие два антиоксиданси, од групата на каротеноидите, придонесуваат за подобрување на здравјето на очите и ги заштитуваат од ултравиолетовите зраци.Жолчките содржат повеќе од 90% од калциум, железо, фосфор, цинк, тиамин, Б6, фолна киселина, и Б12, и пантотетичка киселина на јајцето.