Дали со топла или ладна вода треба да се мијат рацете?

Научниците од Универзитетот Рутгарес во Њу Брунсвик спровеле истражување во желба да ја проверат точноста на популарното мислење дека топлата вода ги убива повеќе микробите при миење на рацете за разлика од студената вода.

Истражувањето било спроведено на мала група од 20 испитаници. Тие 20 пати ги миеле рацете со вода на температура од 15, 26 и 38 степени, користејќи помала или поголема количина сапун.

Пред експериментот, рацете им биле прекриени со безопасни микроби. Резултатите покажале дека не постои разлика во количината на отстранети микроби во зависност од температурата на водата или количината на сапунот.

Рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди и тоа така што со сапунот се прекрива целата површина на раката, нагласуваат истражувачите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.