Зошто не е добро премногу да пиете студена вода?
Ја исцрпува енергијата
Кога ќе испиеме многу студена вода, организмот почнува да работи на тоа да ја изедначи температурата, за да може водата без проблеми да се процесира низ телото.
На овој начин, организмот губи енергија, па затоа често се случува да почувствуваме умор и поспаност откако ќе испиеме чаша студена вода, особено ако тоа го направиме „на екс“.
Предизвикува дигестивни проблеми
Студената вода освен што ги разредува желудочните течности, исто така ја лади и идеалната природна средина во која се одвива процесот на варење на храната.
Поради ова, често може да почувствуваме непријатност во стомакот откако ќе испиеме студена вода.
Проблеми со хидратацијата
Иако, ни се чини дека студената вода ќе не освежи, всушност многу подобро го хидратираме телото со вода која е на собна температура.
Со ова му помагаме на телото полесно да ја „загрее“ испиената вода, за понатаму да ја внесе во сите органи каде е потребна.
Главоболка и неправилен срцев ритам
Сигурно сте чуле дека ако претерате со сладолед, може да се случи таканареченото „замрзнување на мозокот“. Слично е и со ладната вода.
Се појавува непријатно чувство на тегоби во главата, но и неправилен пренос на импулси во нервите во вратот. Како последица на тоа, иако ретко, постои ризик за неправилен срцев ритам. Срцето е чувствително на брзи температурни промени, па најдобро е да почекате водата да се „стопли“ пред да ја испиете.
Стврднување на мастите
Секое пиење на студена вода, особено бргу по оброк, придонесува неразградените масти да се стврднат и да останат во нашиот дигестивен систем подолго од што инаку би било потребно за да се согорат.