Грипот полека стивнува
Во текот на изминатата недела (од 5 до 11 март), во Република Македонија се регистрирани 1.980 заболени од грип, што е намалување за 32 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.781 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.
Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 21.100 случаи. Регистрираниот број случаи е помал за 39 отсто споредено со истиот период од минатата сезона (34.625).