Дали е добро да се спие со чорапи?

Според податоците на американскиот Институт за здравство, спиењето во чорапи е здраво, пишува MedicalNews Today.

Имено, при спиење со чорапи се воспоставува правилна телесна терморегулација и на тој начин се воспоставува ред во функционирањето на мозокот и телото.

Спиењето со чорапи е корисно и помага побрзо да потонете во сон, а околу 4 часот наутро кога температурата на телото е најниска на овој начин му се овозможува на организмот доволно топлина.

Загревањето на нозете и рацете влијае на проширување на крвните садови.

-Греењето на студените стапала предизвикува ширење на крвните садови што му порачува на мозокот дека е време за спиење. Бидејќи крвните садови на рацете и нозете се шират, топлината рамномерно се распоредува низ телото и го подготвува за спиење, тврдат од Националниот институт за здравство.

Според некои истражувања луѓето кои легнуваат со чорапи, заспиваат 15 минути пред оние без нив, а дури и традиционалната кинеска медицина ова го поддржува.

На просечната возрасна личност потребни и се меѓу седум и девет часа сон.

Недостигот на сон го зголемува ризикот од намалување на концентрацијата и негативно влијае на расположението и помнењето.

Долгорочно влијае на зголемување на можноста од срцев удар, депресија и дебелеење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.