Што да јадете за да бидете попаметни?

Ако сакате да бидете попаметни, мора и попаметно да јадете, вели неврологот Дејвид Перлмутер.

Според овој невролог, човековиот систем  е важен за подобрување на работата на мозокот и за целокупното здравје. Перлмутер вели дека мозокот зависи од здравјето на бактериите во дигестивниот систем. Тоа можеби не е нова теорија, бидејќи грчкиот физичар и татко на модерната медицина Хипократ некогаш изјавил дека сите болести започнуваат во желудникот.

За брзо решавање на проблемите со бактериите, д-р Перлмутер ги препорачува овие намирници: јадете храна богата со пробиотици, јогурт, краставици, овошје и зеленчук.

Тој во својата книга пишува дека храната богата со шеќери и масти ги оштетува нашите дигестивни органи.

Јадете медитеранска храна

Врската меѓу мозокот и дигестивниот систем ја истражувала и докторката Мелина Џамполис. Таа вели дека дури сега сфаќаме дека здравите црева и бактериите кои живеат во нив се клучни за нашето здравје.

Таа препорачува да се јаде медитеранска храна која може да влијае и на здравјето на срцето.

Храната за мозок треба да содржи:

Зеленчук

Спанаќ, лук, краставици, тиквички

Овошје

Овошје со мал процент на шеќер, како лимон, авокадо.

Масти

Од здрави масти користете маслиново масло, кокосово масло, маслинки.

Протеини

За да внесете протеини најдобро е да јадете јајца, риба, месо, пилешко.

Пијалоци

Пијте пијалоци од пробиотици и пијте вода од чешма само ако е прочистена.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.