Утринава крахираше Мој термин – Матичните лекари неможеа да издадат ниту упати ниту рецепти

Мој термин колабираше. Утрово матичните не можеа да издадат ниту упат ниту рецепт. Целиот систем бил блокиран. Пациентите со часови чекале пред ординациите.

Од здружението на приватни лекари велат дека утринава сите матични имале проблем со Мој термин уште кога дошле на работа. Со нивните лозинки не можеле да влезат во системот.

-Овој проблем беше на ниво на цела република. Не работеа ниту аптеки, ниту болници, системот беше паднат, не функционираше цел систем, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Околу пладне во некои ординации на матични лекари Мој термин почнал да функционира.

Од Управата за електронско здравство велат дека се работело за технички проблем со домејнот.

– Проблемот е веќе надминат кај најголем дел од провајдерите и дел од матичните лекари и аптеките може да издаваат упати, а интензивно се работи за негово надминување и во останатите јавни здравствени установи.

Во меѓувреме, здравствените установи ги примаат сите закажани пациенти и им се обезбедува потребната здравствена заштита, стои во писмениот одговор од министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.