Како да одржувате нормален крвен притисок?
1) Лимитирајте го внесот на алкохол
Се препорачува максимално 1 пијачка дневно за женит и 2 за мажите. Сè над ова го зголемува ризикот од хипертензија, а препорачаната бројка го намалува овој ризик.
2) Консумирајте свежи производи 4-6 пати дневно
Овошјата и зеленчукот обезбедуваат многу микронутриенти кои корисно влијаат врз крвниот притисок.
Поточно, калиумот, магнезиумот и калциумот играат значајна улога во неговото намалување, но тие обично недоволно ги внесуваме преку исхраната.
Затоа, се препорачува 4 до 6 пати дневно внесување на овошје или зеленчук во организмот, покрај другото и бидејќи се полни со влакна кои помагаат за намалување на холестеролот.
3) Внимавајте на внесот на натриум
Лимитирањето на внесот на натриум (т.е солта) е важен чекор во намалувањето на крвниот притисок, а препорачаната негова дневна доза е 2300 милиграми, што е околу 1 малечка лажичка.
За оние кои веќе имаат покачен притисок, таа треба да е околу 1500 милиграми. Затоа, најдобро е да ја избегнувате процесираната и спакувана храна со овошје, зеленчук и цели зрна.