Како полесно да заспиете?

Опуштете ги мускулите

Се мора да биде побавно, вклучувајќи го и отчукувањато на срцето кое треба да биде под 60 отчукувања во минута, за да може да заспиете.

Обидете се да се концентрирате на опуштање на мускулите, тргнувајќи од стапалата, па нагоре.

Направете список со вашите обврски за утре

Пред да спиете, запишете се што треба утре да направите. На тој начин, нема да се превртувате во кревет и да размислувате за обврските кои ве чекаат утре. Но, тој список не го правете во кревет, туку пред да легнете.

Водете љубов

Ако спиете со некој што го сакате, милувајте се пред да заспиете или пак  водете љубов.

Користете потешко ќебе

Потешкото ќебе прави поголем притисок, така што ќе се почуствувате дека некој ве прегрнува.

Пуштете си музика за смирување

Пуштете музика која ве опушта. Тоа може да бидат звукови на природа, шум на планинска река или дожд.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.