Дали четката за заби треба да ја намокрите пред употреба?
Досега многумина од Вас се запрашале дали четката за заби треба да ја намокрите пред или после ставање на пастата за заби? Еден корисник на Твитер го интересирало токму ова прашање па решил да ги праша неговите следбеници што е правилно.
За само неколку минути, многумина се приклучиле во расправијата. Многу од коментарите биле дека тие сакаат да ги мијат своите заби со потполно сува четка, а имало и голем број на оние кои што рекле дека неможат да го замислат миењето на заби без претходно да ја намократ четката.
Иако некои би рекле дека ова е прашање на личен избор, стоматолог Митали Хариавала даде свое стручно мислење за оваа тема.
– Кога на мократа четкичка ќе ставите паста ” колку големина на грашок”, уште еднаш четкичката помиенете ја кратко под вода. Ова второ миење ќе ја активира пастата за заби и така ќе ја зголеми нејзината растворливост и таа подобро и побрзо ќе реагира. додава Митали.