Шест случаи на шуга се регистрирани во јануари во Крива Паланка
Во јануари на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце се регистрирани пет заболени од грип, а шест лица од двете општини заболеле од шуга, информираат од Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје – Крива Паланка.
– Месецот кој измина се регистрирани пет случаи на заболени од ова вирусно заболување на подрачјето на двете општини, а сите пациенти се на возраст до 15 до 64 години. Споредено со месец јануари во 2017 година, бројот на заболени е значително мал, бидејќи лани заболеле дури 58 лица од оваа возрасна категорија, додека 12 лица биле над 65 годишна возраст, изјави доктор Елена Крстевска од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошка служба на Центарот за јавно здравје-Крива Паланка.
Во однос на останати заразни заболувања, во јануари се регистрирани седум случаи на ентероколити и шест случаи на шуга.
– Од шуга во јануари се регистрирани шест лица, четворица повозрасни пациенти и две помлади лица од Ромска националност. Специфично е што во последно време, најчесто поради нeредовно oдржување хигиена, шугата се почесто се појавува, а брзо се пренесува при контакт со заболените лица, додаде Крстевска.