Зошто жените треба да пијат пиво?

Ги зајакнува коските

Жените кои пијат две чаши пиво дневно имаат поцврсти коски од оние припаднички на понежниот пол кои не уживаат во овој алкохолен пијалок. Ова е резултатот од студијата која била спроведена од страна на Националниот колеџ за невропатска медицина во американската сојузна држава Орегон, објавено во списанието „National Medicine Journal“.

Истата студија покажала дека пивото содржи значајни количини на биоразградлив силициум, кој е еден од значајните елементи од кои се изградени човечките коски.

Го подобрува имунитетот

Пивото е одличен извор на витамини и минерали како што се магнезиум, калциум и селен кои го штитат телото од сезонски болести. Покрај тоа, содржи и бројни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.

Пивото е намирница која рамноправно се носи со другите здрави намирници со горчлив вкус како маслиновото масло, спанаќот, блитвата или руколата. Хмељот како еден од основните состојки на пивото, е богат извор на хумол – моќно антивоспалително соединение кое ги инхибира ензимите одговорни за воспалителните процеси во телото.

Го „убива“ уморот

Појавата на умор, помеѓу останатото е поврзана и со недостатокот на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира од храната, па затоа треба да се внесе на други начини. Темното пиво е добар извор на овој минерал, а дејството на алкохолот може позитивно да го реши и проблемот со нeсоницата. Пивото е богат извор на витамини од групата Б, посебно Б12 кој е одговорен за создавање на црвените крвни зрнца.

Го штити срцето

Умереното пиење на пиво ја зголемува количината на добриот холестерол и го намалува нивото на лошиот, ја разредува крвта и на тој начин ги намалува ризиците од срцев удар.

Едно италијанско истражување докажало дека жените кои пијат едно пиво дневно имаат 42 отсто помали шанси да добијат некое кардиоваскуларно заболување, за разлика од оние кои воопшто не пиеле алкохолни пијалоци.

Ја намалува надуеноста

Истражувањата покажале дека темното пиво има повеќе хранливи материи од светлото. Во 350 мл. темно пиво има повеќе од 1 грам влакна, додека во истата количина светло пиво има помалку од 1 грам. Влакната влијаат на здравјето на дигестивниот тракт, ја намалуваат надуеноста и помагаат во регулирање на нередовната столица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.