Алергијата на цитрон може да биде многу опасна!

Делува по малку чудно, но алергија на цитрон навистина постои. Симптомите за оваа алергија се препознаваат многу лесно. Поголемиот број на проблеми се однесуваат на дигестивниот тракт, мачнина, повраќање, пролив и болки во стомакот. Останатите симптоми како отежнато дишење, осип и намалување на крвниот притисок исто така се многу чести.

Симптомите за алергија на цитрон се слични на останатите симптоми за алергија на храна, така што потребно е често да се води сметка за исхраната за да може прецизно да се одреде изворот за алергијата.

Сериозноста на симптомите за алергија можат да варираат. Поблагите реакции не бараат лекарска помош, едноставно престанете да јадете одредени видови на цитрони.

Доколку имате сериозни алергиски реакции, посетата на доктор е неопходна, бидејќи може да дојде до анафилактичен шок, состојба опасна по животот, која може да предизвика стеснување на дишните патишта.

Лимонската киселина не е таа која ја предизвикува алергијата, како што се сметало. Главниот виновник се протеините и супстанциите кои се специфични за јужното овошје. Портокалот е најголемиот виновник за алергија на цитрон. За некои кои страдаат од алергија, само со допирот на кората на цитронот може да предизвика некои симптоми на алергија.

Како да се заштитите?

Најдобриот третман за превентивна заштита од алергија е одбегнувањето на агрумот. Оние кои имаат алергија на агрума би требало да испитуваат на кој вид на цитрон се алергични и да ги одбегнуваат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.