Многу диети опасни за срцето!

Драстичните диети можат да влијаат на работата на срцето, бидејќи ги зголемуваат наталожените околу него масти, објави „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на британски научници.

Научниците од Универзитетот во Оксфорд го истражувале со
магнетна резонанца ефектот од диетите со помалку од 800 калории дневно врз работата на срцето и распределбата на маснотиите во стомакот, црниот дроб и срцевиот мускул, пренесува.

Резултатите од истражувањето на британските научници покажаа дека по една недела на диета со од 600 до 800 калории дневно, вкупните телесни масти, висцералните масти и мастите во црниот дроб се намалуваат во просек за 6, 11 и 42 проценти. Ова значително ја подобрува инсулинската резистенција и вкупниот холестерол, триглицериди, гликоза и крвен
притисок. Содржината на масти во срцето сепак се зголемува со 44 проценти, а срцевата функција значително се влошува, вклучувајќи и способноста на телото да пумпа крв.

„Метаболичките подобрувања кај диетите со многу малку калории, како намалување на хепаталните масти и повлекувањето на дијабетесот, се очекува да ја подобрат и функцијата на срцето. Таа сепак се влошува во текот на првата недела, пред да почне да се подобрува. Поради наглото намалување на калории од различните органи се испуштаат масти во крвта. Тие се преземат од срцевиот мускул. Тоа ја влошува неговата функција. По периодот во кој телото се прилагодува на драстичните ограничувања сепак функциите на срцето се подобруваат“, објасни д-р Џенифер Рејнер од истражувачкиот тим.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.