Не применувајте физичка казна врз детето!
Научниците кои ги проучувале податоците од 80 истражувања спроведени во последните 20 години, истакнуваат дека здравствените аспекти на физичкото казнување на децата секогаш билe запоставувани и засенети со правото на родителите сами да одлучуваат за начините на кои ќе ги воспитуваат нивните деца.
Бројните докази покажуваат колкава штета предизвукува физичкото казнување на детето, вели Џоан Дурант, професор од Универзитетот во Манитоба која работела на истражување кое било објавено во весникот Canadian Medical Association Journal.
Истражувањата до сега покажале дека децата кои физички се казнуваат се поагресивни и покажуваат асоцијално однесување, се појавуваат когнитивни проблеми и развојни потешкотии, склони се кон депресија и користење на дрога. Последното истражување дури покажува дека може да се намали и мозочната маса во регионите на мозокот кои се важни за тестирањето на интелигенцијата.
“Ние прашањето за физичкото казнување сеуште го сметаме за контроверзно иако не знам зошто, бидејќи резултатите од истражувањата не покажуваат ништо контраверзно”, вели Дурант додавајќи дека сите истражувања за штетноста на физичкото казнување постојано ги даваат истите резултати. Иако физичкото казнување не е така распространето како што тоа било пред 20 години многумина сеуште ја практикуваат оваа методата.
“Нема истажувања кои што покажале дека постои некаква долгорочна корист од физичкото казнување”, истакнува Дурант. Физичкото казнување на децата до сега е забрането во 32 земји.