Детската клиника преполна – Деца со инфекции сместуваат покрај пациенти со хронични болести!

Детската Клиника е преполна со пациенти. Од Нова година постојано се зафатени сите 180 кревети колкав што е капацитетот на установата. Деца со вирусни инфекции се сместуваат на сите оддели само за да не бидат вратени. Исто така и мајките да ги станувале од кревет за да хоспитализираат болно дете.
– Проблем е што на сите оддели лежат деца со инфекција, а покрај нив има и други деца со друга патологија за испитување, деца со хронични заболувања и тука навистина се загрозува нивното здравје. Ние ниту едно дете не смееме да вратиме и не сме вратиле, изјави доц. д-р Катерина Ставриќ, директор на Клиниката за детски болести.
Од Клиниката велат дека постојано доаѓаат нови пациенти. Викендот имале и по 150 прегледи дневно. Револтирани се што и за обична крвна слика доаѓаат кај нив бидејќи матичните педијатри не работат во сабота и недела и недостигаат дежурни служби.
– Сепак ние не сме дежурна служба. Има револт и кај родителите и кај кадарот, а нема кадар на Детската клиника. И од таков притисок со голем број на пациенти може нешто и да се пропушти, додаде д-р Ставриќ.
Од Клиниката за детски болести се категорични дека мора да се подобри педијатрискиот дел во примарното и секундарното здравство не само во Скопје туку и низ државата, а на Детска да се носат само потешки случаи, а не да бидат дежурна лабораторија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.