7 намирници кои го чуваат вашиот вид

Ако честопати ве мачи замор на очите или не догледувате при слаба осветленост, покрај консултација со офталмолог, би било добра идеја да вклучите повеќе храна што придонесува за подобро здравје на очите.

За почеток, јадете повеќе храна богата со бета-каротин, како што се сладкиот компир и морковот. Бета-каротин се претвора во витамин А. Исхраната богата со овој витамин го намалува ризикот од катаракта и макуларната дегенерација (дегенерација на точката за јасен вид) поврзана со возраста, додека еден од првите симптоми на недостаток на витамин А е ноќното слепило.

Јајцата (првенствено жолчките) се исто така одличен извор на витамин А, како и антиоксиданти лутеин и зеаксантин, кои исто така ги има во изобилство во магдоносот и тиквата.

Магдоносот содржи и витамин Ц, кој исто така го намалува ризикот од катаракта и губење на видот како резултат на дегенерација на макулата.

Витаминот Д е исто така важен за здравјето на очите – истражувањата покажуваат дека доволен внес на овој витамин може да ги намали шансите за развој на Миопија (Кратковидост). Најдобри извори на витамин Д се лососот и сардините, а оваа риба е исто така и одличен извор на омега-3 масни киселини, кои помагаат да се спречи сувоста на очите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.