5 лесни начини да ги намалите ПМС симптомите и болките

помалку болки и подобро расположение

Постојат денови во месецот кога речиси секоја посакува да остане дома во кревет. Деновите на ПМС често знаат да бидат тешки, особено доколку истите се проследени со болки кои тешко се контролираат.

Но, во продолжение ќе прочитате пет едноставни начини, притоа и вкусни, со кои не само што ќе ги ублажите болките и симптомите, туку и ќе го подобрите расположението:

1.Внесувајте повеќе витамин Б

Внесувањето витамин Б во вашата утринска рутина може да ви помогне да ги намалите симптомите на ПМС. Земањето поголема доза од овој витамин би можело да ги намали тешките симптоми како лошото расположение, анксиозноста или недостатокот на енергија. Обидете се овие денови да консумирате повеќе јаткасти плодови, сирење, говедско месо, ориз, кикирики, семки од сончоглед и ореви.

2.Внимавајте на шеќерот

Шеќерот може многу силно да влијае на вашите хормони, а со самото тоа и на поголеми ПМС симптоми. Во ПМС деновите обидете се да консумирате многу протеини, влакна, здрави масти и зелен зеленчук.

3.Мака во прав

Еден од наједноставните и најприродни начини да ги урамнотежите вашите хормони е додавањето лажица мака во прав во вашето утринско смути. Овој фантастичен корен од мака има прекрасни состојки кои му помагаат на организмот да се прилагоди на неповолните услови како физички напор, стрес или топлина и на тој начин доведува до хормонална рамнотежа.

4.Вежби

Вежбањето и потењето можеби се последната работа на која ќе се сетите во времето на ПМС, но ако во тие денови отидете на тренинг, ќе сфатите дека тоа всушност е многу добра идеја. Вежбањето го излачува хормонот серотонин или познат како хормон на среќата кој ќе ви помогне да го избегнете лошото расположение.

5.Темно чоколадо

Вкусното темно чоколадо содржи природни состојки за подигање на расположението, како и магнезиум, омега 3 масни киселини и мали количини на шеќер. Ова е дефинитивно добитната комбинација за борбата против негативните симптоми на ПМС.

Коментари

коментари