15 навики што секојдневно ви ја црпат енергијата
Pостојано сте поспани, безволни и изморени?
Ако во секојдневната рутина ги имате овие 15 навики, тогаш тие се главните виновници зошто постојано сте поспани, безволни и изморени:

1. Имате лоша исхрана која не ви ги задоволува потребите на телото.
2. Постојано работите повеќе работи истовремено – мултитаскингот е лош за силата и енергијата.
3. Се жалите.
4. Не пиете доволно вода.
5. Не внесувате доволно железо преку исхраната.
6. Пасивни сте, не вежбате барем 20-45 минути дневно.
7. Зјапате во екранот на празно, наместо да станете и да направите пауза.
8. Имате лошо држење на телото и грбот.
9. Постојано барате перфекционизам.
10. Пиете попладневни кафиња.
11. Имате растурено биро, растурен дом, соба, живеете во хаос.
12. Имате проблеми со тироидата (проверете и исклучете ја оваа можност со време.)
13. Цел ден го поминувате во затворена просторија.
14. Пречесто велите да и се согласувате на работи кои не ги сакате.
15. Секоја вечер ја завршувате со чашка (или повеќе) алкохол.