15-годишно девојче со симптоми на коронавирус почина на Инфективна

59

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско.

Од Министерството за здравство велат дека пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена.

Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.