11-годишно дете со церебрална парализа оставено без терапија и со чаша млеко во куќа во Охрид

66

Единаесетгодишно дете со церебрална парализа, без никаква лекарска грижа, без никаква терапија и со 150 милилитри млеко дневно преживува во куќа во Охрид откако двајцата родители го напуштиле и го оставиле со човек што ниту знае како да се грижи за детето, ниту пак знае каква терапија детето прима.

Игор Блажески од Охрид вели дека и мајката и таткото на малолетникот си заминале, едниот пред месец дена, а другиот пред недела дена, оставајќи го детето во негова заштита, иако нему му треба сериозна помош бидејќи не е ниту компетентен за да одредува терапија, ниту пак знае како да се грижи за пациент со ваква тешка болест.

Блажески за „Слободен печат“ тврди дека во Центарот за социјални работи – Охрид му рекле дека не можат да го згрижат малолетникот додека за тоа писмена согласност не даде барем едниот од родителите.

– Ги барам двајцата родители, да дојде барем едниот да се потпише за да може да се згрижи детето во дом или во установа. Има само 11 години и церебрална парализа, неподвижен е и само лежи. Ништо не јаде, не прима никаква терапија, а јас не сакам на своја рака да му дадам нешто, не дај Боже да ми умре па да бидам крив. Јас мислам дека болно дете мора да прима терапија. Во полиција бев пред месец дена да пријавам дека таткото на детето си замина, а потоа и мајката дека замина, но не се замараат, не се заинтересирани. Воопшто не им е гајле. Јас сум исплашен зашто детето ниту јаде ниту пие. Само 150 милилитри млеко дневно пие и не знам како може вака сите институции да не се воопшто заинтересирани за ваквата ситуација, изјави Блажески за Слободен печат.

Од СВР Охрид не сакаа да ни дадат никакви информации со изговор дека „полицијата е на терен и постапува“ и најавија соопштение за подоцна во текот на денот. Но, Блажески тврди дека полицаец во куќата каде што се наоѓа 11-годишникот не стапнал.

Текстот продолжува на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.