сѐ друго само ќе си дојде

Зошто жените сакаат да го сменат изгледот на партнерот?

Жените не се во потрага по совршен партнер, но својот избраник сакаат да го претворат во оној вистинскиот, покажало истражувањето на британскатае онлајн продавница Littlewoods.com спроведено врз 2.000 жени. Две третини од жените признаваат дека сакаат да го сменат изгледот на нивниот избраник.
Тие трошат во просек по шест месеци да го доведат партнерот во ред притоа трошејќи и по неколку илјади фунти. Најчеста причина за промената е дека се срамат од неговиот изглед, а една третина од нив се сомневаат и во неговиот избор на облека , фризура , па дури и парфем , потврди истражувањето.
Речиси 68 проценти од нив признале декауспеале да го подобрат изгледот на партнерот а инспирација за тоа нашле познати ѕвезди како Дејвид Бекам.
– Жените се плашат од конкуренција и наместо совршен сакаат партнер што ќе го претворат во оној вистинскиот, но без страв дека може да им го преземе некоја од жените кои бараат само авантури. Ова им дава време да го обликуваат според своите желби – вели д-р Симон Мур од британското психолошко друштво.

Коментари

коментари