сѐ друго само ќе си дојде

Жени, еве како да се спасите од постојано масна коса!

Проблемот на масна коса може да се реши, а еве каде грешите:

Косата ја плакнете со жешка вода – претоплата вода му штети на темето и жлездите и испраќа “сигнал” да лачи уште повеќе маснотии. Косата е најдобро да ја плакнете со млака вода, додека во жешките летни денови слободно можете да си приуштите и студен туш.

Косата ја миете секој ден – секојдневното миење на косата додатно го зголемува лачењето на себум, бидејќи тоа го суши темето и ја прави косата уште помасна од претходно.

Користите премногу регенератор – регенераторот треба да се користи внимателно – доволна е само мала количина која ќе ја вмасирате во врвовите и добро ќе исплакнете.

Не ја чистите четката за коса – четката за коса која секојдневно ја користите може да биде причина за масна коса. Доколку не ја чистите редовно, на неа се собираат слоеви од нечистотија кои остануваат во косата.

Постојано ја допирате косата – доколку имате навика постојано да ги провлекувате прстите низ косата, таа навика би требало да ја искорените. Рацете се нечисти и често се потат, па сè што се наоѓа на нив останува и на косата и ја прави масна.

Коментари

коментари