сѐ друго само ќе си дојде

За да ослабнете немора да гладувате!

Ако планирате да изгубите некој килограм вишок, не мора да се откажувате од вкусна храна, зачинети салати и сладок појадок. Напротив, маснотиите кои се наоѓаат во намирниците се ваш најдобар сојузник кај слабеењето, но само ако јадете паметно.

Исфрлувањето на мастите од прехраната не помага кај слабеењето

Многу диети кои речиси целосно исфрлуваат кој било вид на маснотии од прехраната не се добри за вашето тело. Посебно на мускулите им се потребни масти за да ја зачуваат потребната енергија. Токму поради тоа таа неоправдано замразена прехранбена состојка мора да се најде во вашите чинии. Но мора да знаете дека не е важна количината на внесот на мастите, туку видот.

Вид на масти кои не смеете да ги јадете

И додека заситените масти се основен дел од здравата и контролирана прехрана која помага кај слабеењето, постојат и нездрави масти кои треба да се избегнуваат. Се работи за транс или заситени масти кои немаат речиси никаква нутритивна вредност. Тие го зголемуваат нивото на холестеролот и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Избегнувајте конзумација на маргарин и растително масло.

Видови масти кои мора да ги јадете

Мастите се кријат во многу намирници кои треба да се конзумираат на дневна база. Таква храна е преполна со незаситени, здрави масти за кои вашето тело има потреба. Ако сакате да ослабете, не мора да гладувате, туку сојузникот побарајте го во природата.

Постојат многу полоши работи од мастите

Иако маснотијата се поврзува со дебелината, постојат намирници кои се многу полоши за вашето тело и притоа немаат речиси никакви нутритивни својства. На прво место е шеќерот кој е сокриен во речиси сите преработени производи.

Масни намирници кои го убиваат гладот и помагаат при слабеење

Маслиновото масло, бучино масло, јаткасти плодови како бадеми, ораси, лешници, риби, житарици, путер од кикирики или бадеми.

Коментари

коментари