сѐ друго само ќе си дојде

Видео: Забар сам на себе си извади заб!

 

Рускиот стоматолог Рустам Јакјајев стана светска сензација откако сам на себе, со помош на огледало си извади заб.

Јакјајев во последно време имал проблеми со забот, па останува нејасно како немал асистен и дали е можно да не познава ниту еден колега кој би му помогнал.

Храбриот руски стоматолог дошол до генијална идеја да си ги олесни маките. Одлучи сам да си даде анестезија и да извади дел од телото кој му задавал неподносливи болки.

-Пред тоа направив рендгенска снимка, која покажа дека забот е оштетен и дека мора да биде извлечен. Не беше тешко, ниту болно зошто пред тоа си дадов анестезија, рече 24-годишниот забар кој не насетуваше дека неговиот потег ќе стане хит на интернет.

-Сепак не очекував многубројна публика и толаво медиумско внимание, рече тој кој им внесе страв во коски и на оние најхрабрите кои досега не се плашеле од забарска столица.

 

Коментари

коментари