сѐ друго само ќе си дојде

Со оваа диета не броите калории туку само намалени килограми!

Шведската диета е хит низ светот. Овој режим на исхрана наметнува внесување на малку јаглехидрати, а што повеќе протеини и масти. Немате строг распоред на оброци, туку дозволени и недозволени намирници.
Покрај тоа, не се откажувате целсосно од благото, туку добивате и соодветни замени, а сепак се чувствувате сити, полни со енергија и здрави.

Нема броење на калории, само броење на загубени килограми.

Дозволени намирници

– Сите видови месо
– Сите видови риби и ракови
– Јајца на сите начини
– Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)
– Млечни производи со висок процент на маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)
– Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)

Дозволени понекогаш
– Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер
– Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.
– Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)Не се Дозволени
– Шеќер, сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи
– Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)
– Маргарин и рафинирани масла
– Алкохол, особено пиво.

Коментари

коментари