Што да направите за партнерот да полуди по вас?

Најдобро би било да го уверите вашиот партнер во вашите емиции, бидејќи е тоа важно за вас. А тоа се прави со мали знаци. Ова се неколку идеи, а понатаму можете и сами

-Наутро однесете му појадок во кревет.

-Ако наутро немате време, вечерта организирајте романтична вечера, со неговото омилено јадење и чаша вино.

-Ако подолго време не сте нашле време еден за друг, испланирајте излегување сами, забавувајте се и заборавете на проблемите.

-Пратете му убава порака на имеил, или оставете му напишана порака во торбата за на работа. Изненадете го со неколку убави зборови во денот, тоа сигурно ќе го расположи.

-Ако имате време и можност, подгответе му поголеми изненадувања, да го изненадите и на пауза да го однесете на ручек, или да му испратите нешто симпатично во канцеларија.

-Никој не би одбил масажа после напорен работен ден, запоменте го тоа, а веројатно ќе знае да ви се оддолжи.

-Покажете интересирање за работите што го интересираат, купете му карти за некој филм во кино или за некој спортски натпревар кој знаете дека го интересираат.

-Научете некои нови трикови неопходни за фантастичен провод во спалната.

-Предложете му да ги викне другарите дома и да имаат типично машка забава. Со тоа ќе го освоите и него и неговите другари, што секогаш е супер работа.

– Организирајте викенд- излет, далеку од урбаниот хаос. Мажите сакаат авантура, па не е лошо да им се задоволи вродената потреба за возбуда.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.