сѐ друго само ќе си дојде

Секој ден јадете мед и нема да зажалите

Доколку почнете да го консумирате секојдневно, може да очекувате 8 позитивни работи:

Медот е моќен антиоксиданс, што значи неговото редовно консумирање ќе го исчисти телото од токсините. Дополнително, има и антибактериско дејство кое ја подобрува состојбата на кожата.

Доколку слатките ги замените со лажичка мед, очекувајте намалување на килограмите. Медот го забрзува метаболизмот и шеќерите во него се далеку поздрави од оние во десертите и колачите.

Медот е богат со хранливи материи кои го намалуваат нивото на холестерол, а секако и антиоксидансите со кои е богат придонесуваат за чистење на телото од масти.

Медот е супер сојузник во одржувањето на здравото срце, бидејќи ги намалува шансите за кардиоваскуларни болести. Доволна е една лажичка мед растворена во вода во текот на денот за да се чувствувате поздраво.

Истражувањата покажуваат дека медот е добар сојузник и во борбата против стрес. Калциумот кој го има во медот ја подобрува меморијата.

Оние кои често патат од несоници и гласно ‘рчење, задолжително треба да консумираат по една лажичка мед пред спиење.

Со редовно консумирање на мед може да заборавите на болестите на дигестивниот тракт, бидејќи е моќен антисептик.

Редовното консумирање на мед ги смирува нервите и ја намалува напнатоста.

 

 

Коментари

коментари