сѐ друго само ќе си дојде

Разведените жени со поголем ризик од добивање на инфаркт

Луѓето кои претрпеле развод, е многу поверојатно да добијат срцев удар. Ова го покажуваат истражувања на американските научници, цитирани од БиБиСи.

Најмногу погодени се разведените жени, ризикот од инфаркт кај нив тешко се намалува, дури и откако ќе се омажат повторно. Како главна причина за срцевите проблеми лекарите го посочуваат постојаниот стрес, на кој луѓето кои раскинуваат брак, се изложени.

Дамите кои се развеле барем еден пат ги зголемуваат шансите за срцев удар за 24% во споредба со мажените. Шансата дури расте до 77% кај оние кои се разделуваат со брачните партнери повеќе од еднаш.

Кај мажите ризикот е значително помал , па за разведените еднаш е 10% поголема веројатност да добијат срцев удар, додека кај оние неколку пати бројката е околу 30%.

Според проф. Линда Џорџ, еден од авторите на студијата, психолошките трауми при разводот се одразуваат како еден постојан стрес на имунолошкиот систем. Според неа разлики има и кај оние кои страдаат од депресивни состојби и очигледно разводот е поголем “психолошки товар” за жените.

Коментари

коментари