сѐ друго само ќе си дојде

МЗ – Итна набавка на инкубатори за Гинекологија и едукација на кадар

Итна набавка на 15 инкубатори за Клиниката за Гинекологија е една од мерките на здравствените власти за решавање на проблемот со големата смртност на новороденчиња во оваа установа. Ова следува по обелоденување на загрижувачката состојба во одделот за Интензивна нега на ГАК каде располагаат со само 22 инкубатори а потреба од нив постојано имаат од 50 до 55 бебиња. Од денеска почнала и едукација на медицински кадар за неонатална грижа што Министерството за здравство ја договорило со УНИЦЕФ и Project Hope.

Меѓу приоритетите на надлежните засега не е и вработување на нови лекари и медицински сестри во најголемото родилиште во земјата. Педијатрите од оваа установа признаа дека недостигот на персонал е една од причините за зголемената смртност на новороденчињата.

-Покрај опрема постојано имаме и помалку персонал. Во моментот имаме 6 лекари од кои четворица дежураат и четири сестри на смена од кои три на интензивна и една на постинтензивна. А по правило една сестрана треба да биде на три до четири новороденчиња што значи треба да имаме од 10 до тринаесет сестри, изјави Ѓорѓи Филев, педијатар на одделот за интензивна нега на ГАК

Покрај набавката на инкубатори и едукацијата на кадар, од Министерството за здравство велат дека е зголемен степенот на хигиена на Клиниката за Гинекологија, а по добивање на инзвештајот од Државниот санитарен и здравстверн инспекторат чии инспектори  една недела беа на ГАК, можат да препорачаат и дополнителни мерки. Во соопштението до медиумите, информираат дека работат и на отворање на новата интензивна нега на детска клиника.

Состојбата во родилиштата низ земјата а посебно на скопска гинекологија од година во година е се поалармантна. Ако лани на клиниката имало околу 170 смртни случаи, годинава до септември починале над 120 бебиња.

За четирите новороденчиња кои починаа пред две недели и тројката од август, комисиите формирани од Министерството за здравство не најдоа лекарска грешка.

 

Коментари

коментари